Ако не се сеќавате вие и македонската јавност, да ви кажам дека бевте кривично гонети, осудени на две години условно заради злоупотреба на службената положба и овластување и набавка на кинеските автобуси низ Скопје, му се обрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на пратеникот Игор Јанушев на денешната седница за пратенички прашања во Собранието.
„Второ, прашање за коешто треба да одговорите – како ги стекнавте недвижностите од 2009 до 2012 година. За сите тие работи. А, секако да не ви ги читам по ред сите прекршоци и пријави кои ги имате на два листа, ако сакате и тоа ќе продолжиме да читаме, да видите кој е Игор Јанушев кој сака да морализира.
Има ефикасни механизми во работењето. Можете да викате колку сакате од место, ова не можете да го сокриете“ рече Спасовски во одговорот на пратеничкото прашање од Јанушев.