Годината што изминува ќе биде запаметена по земјотресите кои однесоа десетици илјади животи. Ако е утеха, во 2023 година Земјата не ја погодија земјотреси со јачина поголема од осум степени според Рихтеровата скала, но фатални беа и оние меѓу седум и 7,9 степени според Рихтеровата скала кои ги мало дури 19, односно најмногу во последната деценија.
Најразорниот земјотрес на планетата годинава се случи на 6 февруари во јужниот и централниот дел на Турција, како и во северните и западните региони на Сирија и беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Како резултат на тоа, повеќе од 59.000 луѓе загинаа во двете земји. Помош за жителите на овие области пристигна од целиот свет, а до март тлото се тресеше во споменатите земји, одземајќи повеќе човечки животи и уништувајќи го она што остана недопрено по првиот земјотрес.
Речиси три илјади луѓе ги загубија животите на 8 септември во Мароко, кога катастрофален земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала погоди област оддалечена седумдесет километри од Маракеш, додека еден месец подоцна, на 7 октомври, загинаа дури 1.482 жртви во Авганистан. Земјотресите во оваа земја продолжија до октомври и однесоа повеќе животи.
Во годината зад нас се тресеа и Кина, Еквадор, Филипини, Непал… и десетици луѓе загинаа при овие земјотреси.
Останатите делови на планетата не беа поштедени од повремените движења на земјата во текот на дванаесетмесечниот период зад нас.