Катлин Вилсон од Минесота го тужеше својот стоматолог, Кевин Молдрем, за несовесно работење.
Вели дека стоматологот ја изобличил.
Жената тврди дека стоматологот Кевин Молдрем при една посета и направил околу 30 интервенции. Вилсон вели дека и направил осум круни, исчистил четири корени и ставил 20 пломби. Сè, како што тврди, се случило за време на посетата во јули 2020 година.
Покрај тоа, тврди и дека користел многу повеќе анестезија од вообичаено.
Адвокатот на тужителот, го ангажирал Аврум Голдстајн, стоматолог од Универзитетот во Флорида, како вештак. Тој тврдеше дека имало погрешен третман.
Вилсон, која тврди дека претрпела болка и срам, бара отштета од повеќе од 50.000 долари.