Фудаблските репрезентации на Македонија и Хрватска на 3. јуни ќе одигра пријателски натпревар во Риека. За „коцкестите“ овој тест ќе биде увертира за Европското првенство.
-Македонија ќе биде одличен противник во прва фаза од подготовки за Европското првенство. Се работи за репрезентација која есенва дома одигра нерешено против Италија и Англија. На овој тест со вистински ривал треба да видиме до каде сме што треба да работиме до пред заминувањето на ЕП во Германија, порача Златко Далиќ, хрватскиот селектор.