Навивачите на Партизан фрлија повеќе од 10.000 плишани играчки на теренот во хумантарна акција

Над 10.000 плишани играчки го преполнија теренот на Штарк Арената вечерва во Белград, пред почетокот на натпреварот помеѓу кошаркарите на Партизан и Виртус во 17. коло од Евролигата.

Навивачите на Партизан масовно одговорија на хуманитарната акција која беше најавена претходните денови.

За секоја фрлена играчка, компанијата која е еден од спонзорите на Партизан, ќе донира 1.000 динари за набавка на зимска облека и обувки за социјално загрозените деца.

Треба да знаете
Последни објави