Гастон Глок, австрискиот производител на оружје и креатор на пиштолот Глок, почина на 94-годишна возраст, објави денес неговата компанија.
Гастон Глок, кој живееше во изолација и далеку од очите на јавноста, стана светски познат по измислувањето на пиштолот „глок 17“ во раните осумдесетти, кој направи револуција на пазарот за лесно оружје и стана стандардно оружје на полицијата во Австрија, Германија и САД.
Глок бил инженер специјализиран за полимери и дотогаш немал искуство со оружје, но тој конструирал нов модел во гаража во предградијата на Виена како одговор на конкурсот објавен од австриските вооружени сили, кои барале ново стандардно оружје и замена за застарениот модел „walter P38“.
Неговата истоимена компанија, која дотогаш произведуваше предмети за секојдневна употреба од пластика и метал, стана еден од најпознатите производители на оружје во светот.
Покрај германските и австриските вооружени сили, оружјето Глок го користат и армиите на Велика Британија и Франција, а во меѓувреме 80 отсто од американските полицајци го носат оружјето на компанијата од предградијата на Виена.