Првиот светски рекет, Србионот Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист на светот од страна на еден од најпрестижните свестки медиуми, француски „Л’Екип“. По европското признание, за популарниот Ноле стаса и светско. Ѓоковиќ има задсебе успешна година. Славеше на три од четирите сеознски гренд слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос и Ју-Ес Опен) со што стана тенисер со најмногу освоени трофеи на овие турнири. Потоа тој ги освои Мастерсите во Синсинати, Париз како и завршниот АТП турнир во Торино, а ја заврши годинава на првата позиција на листата. На второто место се најде пливачот Леон Маршанд, а трет е возачат на Ферари, Макс Ферстапен. За Ѓоковиќ ова е второ вакво признание од „Л’Екип“, претходно беше прогласен за најдобар во светот во 2021 година.