Шпанскиот тенисер Рафаел Надал пристигна во Австралија, бидејќи ќе игра на АТП турнирот во Бризбејн, кој е закажан од 31 декември до 7 јануари, пренесува Маркa.
Надал на социјалните мрежи објави слика од тенискиот центар во Бризбејн. Шпанските медиуми пренесуваат дека поранешниот тенисер број еден во светот одработил два тренинга во Бризбејн.
-Среќен што сум во Бризбејн по неколку години – изјави Надал за официјалната веб-страница на турнирот.
Шпанскиот тенисер утре ќе го дознае името на противникот во првото коло на АТП турнирот во Бризбејн. Покрај Надал, на турнирот ќе настапат и Данецот Холгер Руне, Британецот Енди Мареј, Бугаринот Григор Димитров и Американецот Бен Шелтон.
Последниот меч Надал го одигра на 18 јануари во второто коло на Австралија опен против Мекензи Мекдоналд. Потоа паузираше до крајот на сезоната поради повреда.