Од 2024 година ќе носиме рециклирана текстилна облека, а воздухот нема да се загадува од палење на материјалите

Цементарница Усје, врз основа на добиената дозвола од страна на министерството за животна средина може да користи текстилен отпад, поточно отстаток од памук од компаниите кои произведуваат текстилни производи за извоз, како погонско гориво.

Според последните информации, во Цементарницата се горат и други материјали кои им ги доставуваат компаниите, бидејќи во цементарницата треба да се прави селекција на отпадот и истиот да се употребува за намената за која ја има дозволата.

Од 2024 година, согласно препораките од ЕУ, Македонија нема да смее повеќе или нема да треба повеќе да складира текстилен отпад или истиот да го гори, туку да најде начин како да го селектира и рециклира.

Може дома, може да го прави и врз основа на регионална соработка, на пример на „Западен Балкан“.

Во моментов, функционира една турска компанија која откупува отпад и го носи во Турција, но исто така и дел од македонските компании вишокот текстил го извезуваат во соседна Србија.

ЕУ е децидна дека таа не сака да има текстилен отпад и со тој да се полнат депониите, туку истиот да се врати во повторна обработка. Во Македонија има компании кои имаат интерес да го рециклираат овој текстил, а според последните информации во тек е набавка и на опрема. Многумина текстилот кој е вишок во производството го гледаат како отпад, а во суштина претставува суровина.

Според професорите од Технолошко металуршкиот факултет во Скопје, материјалите кои се нус производ од „лонг“ производството во текстилните компании полесно ќе се селектираат и рециклираат, но проблем претставува рециклирањето на веќе износената облека, бидејќи таа мора да помине низ посебен хемиски процес за да може истата да се преработи во нови производи.

Како што бевме информирани од надлежните, некаде на почетокот на 2024 година веќе ќе има контури кои ќе го дадат изгледот, бидејќи, според обврските до крајот на следната година мора да се спроведе преземената обврска.

Игор Мицкоски

Треба да знаете
Последни објави