Македонмсклата машка ракометна репрезентација која се подготвува за настап на ЕП во Германија што ќе стартува од 10 јануари идната година, во Стара Пазува го одигра првиот контролен натправр во три полувремиња против Црна Гора. Македонија ги доби првите 30 минути со 22:17, вториот дел и припадна на Црна Гора (17:20) или по 60 минути игра резултатот беше 39:37 за „црвено-жолтите“, кои ги добија и последните 30 минути со 15:14 или вкупно (54:51).
По одработените подготвки во Србија експедицијата на Македонија се враќа дома по што ќе имаат слободни денови за новогодишните празници, а со подготовките ќе се продолжат на 2. јануари.
Следните два тест натпревари Македонија ќе ги одигра со Грција во Скопје, на 4 и 5 јануари.
Европското првенство во Германија ќе стартува на 10. јануари во Дизелдорф против селекцијата на Франција. Во групата за ривали ќе ги има и селекциите на домаќинот Германија и Швајцарија.