Над 330.000 пензионери деновиве ги добиваат своите пезнии за месец декември.
Редовната исплата на пензиите ќе се случи на 02.01.2024 година, но дел од банките предвреме ги исплаќаат пензиите кон своите клиенти.
Халк банка изврши исплата на пензиите вечра (28.12.2023) додека пензионерите кои се клиенти на Комерцијална банка своите пезнии од шалтерите и банкоматите на банката, можат да ги подигнат денеска (29.12.2023).
Од овој месец започнува и исплатата на дополнителната финансиска помош од 1.500 до 3.000 денари за пензионерите со најниски пензии и истата ќе трае и во наредните четири месеци.