„Би ја оценил 2023 и претходната како можне успешни во полето на македонската продукција. Да ги ставиме настрана финансиите. Она што е произведено е прилично солидно. Тоа покажа дека добар дел од филмовите се присутни на светските филмски фестивали, наградувани. Тоа е за почит. Една млада генерација на автори и авторки, што е многу битно, потврдија дека се талентирани и дека се блиску до зрелоста за правење филмови“ рече портпаролот на Дедо Мраз Влатко Галевски во утринска програма на Слободен Печат.
Тој дополни дека нема да зборува за исклучоци како што се „Медена земја“, режисерот Столевски кој направил три извонредни филмови. Тој го спомена и Манчевски тој твори на свој начин, во кој некои се сомневаат меѓу кои и самиот Галевски.
„Генерално е добра ситуацијата, перспективите за 2024. Знам дека има неколку проекти кои седат во Агенција за филм во почетоци на снимање, финансиите се проблем, но оптимист сум дека од тоа нешто ќе биде сосема добро“, посочи Галевски.
Тој дополни дека отвореноста кон светот, кон филмска индустрија и уметност надвор од Македонија си го прават своето.
,,Добро знаеш дека во Македонија денеска не се прави добар филм ако немаш копродуценти. Заедничко работење на филм овозможува многу повеќе влијание на квалитетни учесници во филмот. Затоа копродукциите се успешни воглавно. Нивото на квалитетот на филмовите го одредуваат повеќе фактори, не само авторот или режисерот, не самобендисаноста и суетата. Филмот е компликувана уметност и занает, треба да се работи со консултации“, заклучи Галевски.