Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека разговарал за формулата за мир на Украина во разговор со папата Франциск.
„Разговаравме за нашата заедничка работа за спроведување на мировната формула на Украина во акција“, објави Зеленски на „Х“ .
„Над 80 земји веќе учествуваат во овој процес на ниво на нивни претставници. А, ќе има повеќе“, додаде тој.
Зеленски рече дека му се заблагодарил на папата за Божиќните честитки, „како и за неговите желби за праведен мир за сите нас“.
Украинскиот претседател наведе дека следната дискусија за мировната формула на Украина ќе биде во Давос, Швајцарија, но не прецизираше конкретен датум.