Невремето на брегот на Калифорнија донесе огромни бранови кои предизвикаапроблеми во крајбрежните области, вклучително и поплави и затворање патишта.
Како што јавува „Си-Ен-Ен“, речиси 20 луѓе вчера биле однесени од еден од овие непредвидливи површински бранови, кои во САД се нарекуваат „бранови-чудовишта“ или „бранови убијци“.
Станува збор за невообичаено високи бранови кои се појавуваат сосема ненадејно и се особено опасни за бродовите и изолираните структури на брегот, како што се светилниците.
Бранот што вчера наутро ја погоди областа Пиерпонт во градот Вентура, Калифорнија, во 11 часот, резултираше со транспорт на најмалку осум лица во болница, меѓу кои и еден со скршен зглоб, објавија локалните медиуми.