Министерката за внатрешни работи на Долна Саксонија, Даниела Беренс денеска изјави дека речиси цела германска покраина е под вода.
„Речиси цела Долна Саксонија е под вода. Ситуацијата е многу напната“, изјави Беренс за радио станицата ДЛФ, пренесува Шпигл.
Таа додаде дека се очекува ситуацијата да стане уште посериозна во некои области.
Временската прогноза вели дека ќе врне и во наредните денови, како и дека ќе има невреме“, рече Беренс.
Според Шигел, германскиот Бундесвер се подготвува да распореди сили во поплавените области на Долна Саксонија, а шест хеликоптери веќе се ставени на подготвеност за заштита на насипите.
Доколку насипите ослабнат или се скршат, хеликоптерите ќе испуштаат контејнери исполнети со градежни материјали за да се стабилизираат насипите и да се забави протокот на вода.
Германските медиуми претходно објавија дека околу 100.000 луѓе се вклучени во борбата против поплавите во северозападниот дел на земјата.