Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на годишниот брифинг за 2023 година истакна дека во текот на оваа година се бележи намалување на криминалот за осум проценти и дека се сузбиени 13 криминални групи со над 100 лица.
Тој како главни случувања ги спомна одржувањето на Меѓународната конференција на Интерпол во Охрид, како и министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.
Спасовски исто така посочи и на управувањето со миграциските токови,усогласувањето на правната рамка за миграција со Меѓународната конвенција за мигранти, борбата против тероризам, спречувањето на трговијата со дрога, каде што рече дека се бележи голем напредок.