Во Франција на новогодишната ноќ ќе бидат распоредени 90.000 полицајци поради построги безбедносни мерки, изјави шефицата на разузнавачката служба Селин Бертон.
Од нив, 6.000 ќе бидат во Париз, каде според францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, се очекуваат над 1,5 милиони луѓе на Шанзелизе.
Дарманин на прес-конференцијата рече дека постои „многу висока терористичка закана“ делумно поради она што „се случува во Израел и Палестина“.
Тој исто така додаде дека полицијата за првпат ќе може да користи беспилотни летала за безбедносни цели, а ќе бидат распоредени десетици илјади пожарникари и 5.000 војници.
Во фокусот на новогодишната ноќ во Париз ќе бидат Олимписките игри кои ќе се одржат во тој град следната година.