Српскиот кошаркар Никола Јокиќ вели дека би сакал никој да не го познава откако ќе ја заврши кариерата. Јокиќ беше гостин во подкастот на неговиот тимски колега од Денвер Нагетс, Мајкл Портер јуниор.
Тој, меѓу другото, зборуваше и за притисокот и како да се справи со него.
„Мислам дека ако не сте исплашени, ако не сте нервозни, ако не чувствувате притисок, дека не сте го избрале вистинскиот спорт. Од почетокот притисок и страв, дури и сега имам страв и притисок на секој натпревар, дека противничкиот играч ќе ме претепа или дека ќе ме победи “, изјави Јокиќ и додаде:
„Дојдов овде како трета, четврта, петта опција, беше поинаку, бев млад, ништо не знаев. Мислите дека тоа е само кошарка, но тоа е само 20% од се. Сега можам да кажам дека кошарката е најлесниот дел од се.Се уморуваш, промашуваш…Во првите три години научив нешто и потоа учев се повеќе и повеќе, а после тоа го сменив начинот на исхрана, за да можам подобро да шутирам, да се развивам со текот на времето“.
Портер истакна дека Јокиќ е скромен, дека сака да се забавува, но не и да биде популарен.
„Не ми се допаѓа овој живот. Ние сме само кошаркари и добри сме само во она што го работиме. Но, медиумите се околу нас и ние сме платени за сето тоа, медиумите и популарноста, но затоа што сме познати, на некои ми се допаѓа, на некои не им се допаѓа. Кога ќе ја завршам кариерата би сакал никој да не ме знае. Би сакал моите деца да ме паметат како татко,а не како кошаркар. Тоа е мојата цел. Немањето телефон е исто така и моја цел. Да бидам нормален човек, да пиеме со другарите, да си играм со децата, да јавам коњи… Каде и да одам сите ги вадат телефоните и ме снимаат. Не ми се допаѓа тоа. Само сакам да си го живеам животот“.