Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.6 % на месечно ниво и пониски за 2. 4 % на годишно ниво.

Во ноември во споредба со октомври 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 0. 5 %, Трајни производи за 0.5 % и Нетрајни производи за 3. 2 %. Во споредба со ноември 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 7. 9 % и Капитални производи за 6. 9 %. 

Треба да знаете
Последни објави