Фудбалерот на актуелниот светски, европски и англиски првак Манчестер сити Џек Грилиш имал кошмарна вечер во средата, откако неговиот дом бил ограбен додека тој го играл натпреварот против Евертон.
Сити победи со 3:1 на гостувањето во Ливерпул, но Грилиш немаше многу причини за славје, бидејќи по последниот свиреж на судијата бил информиран дека во неговиот дом влегле крадци и тоа додека 10 членови од неговото семејство биле присутни и го гледале натпреварот на телевизија.
Според англиските медиуми, крадците успеале да украдат накит вреден еден милион фунти од домот на англискиот репрезентативец. Полицијата веднаш реагирала, но не успеала да ги пронајде криминалците. Била организирана потрага со кучиња, автомобили и хеликоптер, но засега нема уапсени ниту пак осомничени за кражбата.