Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска ќе се обрати и ќе присуствува на потпишувањето на договорот за реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.
Како што најави владината прес-служба, реконструкцијата е во рамки на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија, со кој се опфатени сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.
-Согласно утврдената динамика, реализацијата на работите е предвидена во три фази, информира Владата. На настанот обраќања ќе имаат и Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Штефен Худолин, в.д. амбасадор на ЕУ и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија, по што ќе биде потпишан договорот.