Турската полиција уапси 189 лица осомничени дека се екстремисти на Исламската држава (ИД) во рации низ целата земја, соопштија властите во саботата.
Во 37 градови и провинции беа извршени апсења на осомничени за припадност на таа сунитска исламистичка група. Апсењата се случија еден ден откако Анкара ги спречи планираните џихадистички напади врз синагогите и црквите во Турција со апсење на околу 30 лица.
Турција претходно доживеа неколку смртоносни напади поврзани со ИД.
Полицијата претресe неколку станови и згради во Истанбул и Анкара, заедно со голем број други градови, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на X. На таа социјална мрежа тој сподели и фотографии од наводни оперативци на ИД со лисици на рацете, уапсени во ноќна рација во нивните станови.
Турција во петокот уапси 32 осомничени екстремисти на Исламската држава, кои наводно планирале напад врз ирачката амбасада.
Националноста на приведените и деталите за нивните планирани напади не се објавени.