Иако претходно изјави дека песната „Let It Be“ настанала кога мајка му се појавила на сон и му рекла – Нека биде, Пол Макартни деновиве откри дека култната песна можеби е инспирирана од драмата на Шекспир.„Хамлет “ што мораше да ја учи напамет за време на школувањето.
Во еден момент Хамлет ја изговара реченицата: “Но нека биде. Хорацио, јас сум мртов”
За создавањето на гореспоменатата песна, Макартни рече:
– Тие денови на училиште морав да научам некои работи напамет. Ги учев „Да се биде или не“ и слични стихови. Неодамна дознав дека Хамлет, кога е отруен, всушност вели: „Нека биде Хпрацио“.
Тој потоа објасни:
– Интересно ми е како бев изложен на тие зборови додека го учев Шекспир, па години подоцна таа фраза ми се појави во соништата додека мајка ми ја кажуваше.
Тој претходно објасни дека идејата за песната му дошла во сон за неговата мајка за време на интензивните сесии за пишување песни за Бет албумот на Битлси од 1968 година. Неговата мајка, Мери Патриша Мекартни, починала од рак во 1956 година, кога тој имал 14 години.