Одбројување – бакнеж за (обично драгата) личност до вас – новогодишна честитка до сите присутни. Вака на сите им изгледа познатото сценарио на почетокот на новата година – а во поголемиот дел од светот не се разликува многу. Бевме заинтересирани како дошло до тоа.
Би можеле да ја парафразираме познатата изрека дека „Сите патишта водат кон Рим“ и да кажеме дека сите обичаи не враќаат во Рим. Ова е точно барем што се однесува до денешните обичаи за зимските празници во западниот свет, кои влечат корени од римските Сатурналии. Овој зимски фестивал или пагански празник се одржувал помеѓу 17 и 23 декември како знак на обожавање на Сатурн и одбележување на зимската краткоденица.
Богот на земјоделството бил почестен со украсување на домот со зеленило, подароци на најблиските, дружење со пријателите и семејството и со богати гозби во кои имало вино, па луѓето биле доста пијани. Во таква состојба, бакнежот е логично продолжение на забавата, иако самиот чин на бакнување не бил официјален обичај на Сатурналите, но секако бил нешто тесно поврзано со Сатурналиите.
Сепак, средновековниот викиншки фестивал Hogmanay е стариот шкотски еквивалент на новогодишната прослава каде што беше вообичаено, заедно со дружење, танцување и пеење, да се разменуваат бакнежи со најдобри желби за новата година. Тие бакнежи не беа нужно од романтична природа, пријателите и семејството се бакнуваа, всушност – сите присутни, а овој обичај е зачуван до денес во Шкотска, каде што е сосема нормално да се бакнуваат на полноќ, на самиот почеток на новото лето, исто како кај нас.
Овој обичај се проширил во Англија и на европското копно, а подоцна го преминал Атлантикот и пристигнал во САД. Германските имигранти беа одговорни за проширувањето преку океанот, како што објави Њујорк Тајмс на 3 јануари 1863 година, со забелешка дека „срдечните бакнежи се разменуваа околу полноќ.“ Во Америка, Германците се сметаа за „подобри“ имигранти од другите Европејци доселеници, затоа нивните обичаи полесно се прифаќале и ширеле.
Новогодишниот бакнеж не е само моментална афектност, тој има и суеверно значење: додека часовникот отчукува почетокот на новата година, треба да бакнете некого ако не сакате да ја поминете целата година сами. Денес, полноќниот бакнеж е една од најраспространетите новогодишни традиции – или суеверија – на која и претходи слатка гужва и барање „добра позиција“ во последната минута од старата година.