Вечерва ја пречекуваме новата година. Некој дома, некој во клуб или ресторан, некој надвор од државата, секој на свој начин ќе ја дочека новата 2024 година.
Кога сме кај политичарите, тие во најголем дел ноќта ќе ја поминат со семејството во нивните домови.
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва заедно со семејството ќе биде во својот дом, додека преку ден ќе биде низ некој локал во Скопје.
Претседателот на државата Стево Пендаровски за новогодишните празници ќе биде во Охрид.
Дома со семејството новата година ќе ја помине и спикерот на Собранието Талат Џафери.
Во домашен амбиент ќе прославуваат и претседателката на ЛДП Моника Зајкова, лидерот на Демократско движење Изет Меџити.
Лидерот на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим за Нова година ќе биде во Истанбул.