Жителите на тихоокеанскиот остров Киритимати, каде живеат околу 5. 000 луѓе, први во светот ја пречекаа Новата 2024 година со огномет и забави на отворено во јужниот дел на Пацификот, јави ДПА.
Киритимати, најголемиот остров на пацифичката островска држава Кирибати, е првиот населен остров каде започнува секоја нова година.
И жителите на островите на архипелагот Чатам, дел од територијата на Нов Зеланд, неколку минути подоцна ја прославија Новата 2024 година.
Околу 700 луѓе живеат на островите, лоцирани на околу 800 километри источно од јужниот остров на Нов Зеланд.
Првиот голем меѓународен центар што ќе ја пречека Новата година ќе биде најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд.