Замрзнати електрични автобуси ја блокираа најзелената европска престолнина

За разлика од многу европски земји кои немаат јасна визија за тоа како ќе изгледа иднината на транспортот, Норвешка одамна ги фрли сите свои карти на струја.

Земјата на северот на Европа има најголем процент на електрични автомобили по население, а за две години Норвежаните планираат целосно да ја забранат продажбата на нови автомобили на бензин и дизел.

Сепак, и во тој идиличен „зелен“ свет, трансформацијата на возниот парк не оди без проблеми.

Жителите на Осло, најзелениот главен град на Европа, известуваат дека електричните автобуси го парализирале градот и дека јавниот превоз воопшто не функционира. Тие на социјалните мрежи пишуваат дека целиот возен парк е во дефект, пишува Еуроњуз.

Градските власти неодамна издвоија 100 милиони евра за 180 нови електрични автобуси со намера јавниот превоз да биде целосно без штетни гасови.

Дометот на новите автобуси „на хартија“ е 250 километри, но во пракса нема домет.

Целосниот колапс наводно бил предизвикан од температурите меѓу -7 и -14 степени, кои ги претвориле автобусите во „коцки мраз“.

Еуроњуз стапи во контакт со Рутер, компанија која управува со електрични автобуси во Осло, а портпаролот ги нарече обвинувањата „екстремно претерување“:

„Во последните неколку дена откажавме во просек меѓу 50 и 100 возења, од вкупно 4.000 дневни поаѓања.

Сепак, компанијата призна дека е соочена со „предизвици поврзани со дометот на електрични автобуси, кој е очигледно пократок при постудено време“.

„Го решивме проблемот со промена на смените за полнење и поправка на инфраструктурата за полнење“, вели портпаролот и заклучува дека возниот парк со електрични автобуси продолжува да работи вообичаено.

Зошто студеното време влијае на електричните возила?

Студеното време влијае на времето на полнење, но и на опсегот на електричните возила.

„Секој систем, без разлика дали е батерија или мотор со внатрешно согорување, не работи добро на студ“, објасни Ана Стефанопулу, професорка по машинско инженерство на Универзитетот во Мичиген.

Според неа, на -12 степени, паркираното електрично возило може да изгуби и до 30-40 отсто од опсегот уште пред да почне да вози.

„Овој проблем не е специфичен за автомобилите. Веројатно сте забележале колку брзо мобилните телефони и лаптопите губат енергија на студ.

Затоа, решението за целосна декарбонизација на возниот парк не е црно-бело. Важно е да се биде свесен за вистинските недостатоци“, изјави Ана Стефанопулу.

Треба да знаете
Последни објави