На секои четири години, кога се завршуваат летните олимписки и параолимписки игри, парада на архитектонски објекти – стадиони, велодроми, симболични нешта како што е Арцелормитал орбитата од Лондон 2012 година, остануваат на повеќе или помалку фасцинираниот поглед на светот.
Париз, градот домаќин во 2024 година, ветува дека ќе биде поинаков. Повеќето од настаните ќе се одржат во постоечки објекти како што е Стадион де Франс, првично изграден за Светското фудбалско првенство во 1998 година, или во привремени места во срцето на градот. Одбојка на плажа и фудбал на слепи ќе се играат пред Ајфеловата кула, BMX слободен стил и скејтбордингот на Плас де ла Конкорд. Церемонијата на отварање ќе биде речна парада долга 6 километри на Сена.
Поранешниот рагбист Пјер Рабадан, сега заменик градоначалник на Париз задолжен за спорт и Олимпијада, вели дека „амблематичниот“ проект на Игрите воопшто не се згради, туку „повторно освојување“ на Сена. Реката се чисти, за да може таму да се одржуваат маратонско пливање и триатлони, а јавноста потоа да плива во неа за вечно. Ова е дел од националниот, регионалниот и градскиот проект вреден од 1,4 милијарди евра, планот за чистење на реката од нејзиниот извор до морето. Тоа, исто така, ја зајакнува амбицијата на градоначалничката, Ана Идалго, да го претвори Париз „најзелениот голем град во Европа“.
Таа сака да го направи рај на ниско загадување и здрав живот, што е можно попријателски за пешаците и велосипедите, со планирани нови случувања за промовирање на животот во заедницата. Сега се засадува „урбана шума“ од 478 дрвја на Каталонскиот плоштад како и голем сообраќаен кружен тек во близина на Гар Монпарнас.
Има планови Шанзелизе да се претвори во „извонредна градина“ погодна за пешаците као и изградба на 1.000 километри велосипедски патеки и засадување 200.000 нови улични дрвја. Локалната самоуправ има и могу други планови кои се во насока за намалување на сообраќајот во метрополата, со укинување места за паркирање или поставување „зони со ограничен сообраќај“.