Со спектакуларен огномет во Сиднеј, Австралија зачекори во 2024 година

Во целиот свет се дочекува Новата година. Жителите на пацифичките држави Самоа и Кирибати први зачекорија во 2024 година, а жителите на Американска Самоа, Хаваи и островот Хауланд последни ќе ја дочекаат Новата година.

По најисточниот остров Кирибати, познат како Божиќен остров, новата година пристигна во Нов Зеланд, а потоа во Австралија која го одбележа влезот во 2024 година со традиционалниот огномет над операта во Сиднеј.

По најмалиот континент, во 2024 година ќе стигне до Јапонија, Северна и Јужна Кореја, а потоа следат Кина, Хонгконг, Малезија, Сингапур.

Влегувањето во 2024 година се слави во Москва во 22 часот, а час подоцна го пречекуваат Хелсинки, Киев, Букурешт, Атина…

Потоа Новата година доаѓа во поголемиот дел од Европа, која е во средноевропската временска зона.

Треба да знаете
Последни објави