Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар информира дека Турција на Нова година во 14 часот и 28 минути или 16 часот и 28 минути по локално време била погодена од земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер.
Длабочината на земјотресот е пет километри, а епицентарот е на 11 километри североисточно од Пулумер, односно 48 километри источно од Ерзинчан.
„Малку се тресеше, но прво помислив дека ми се врти. Потоа погледнав и сфатив дека е земјотрес“, напишал еден жители на Турција кој го почувствувал земјотресот, а кој се наоѓал на 50 километри од епицентарот.



