Папата Франциско денеска го осуди насилството врз жените, велејќи дека секое општество треба да ги почитува сите жени.
„Секое општество треба да го прифати подарокот што жената го претставува. Секоја жена треба да се почитува и брани. Секој што ѝ наштетува на жената, го скрнави Богот кого жената го родила“, рече Папата.
Тој додаде дека жените имаат клучна улога во промовирањето на мирот.
Светот исто така треба да ги погледне мајките и жените за да најде мир, да излезе од спиралата на насилство и омраза и повторно да ги гледа работите со вистински човечки очи и срца, изјави поглаварот на Римокатоличката црква.
Тоа е прв говор на папата Франциско по бруталното убиство на 22-годишната Џулија Чечетин во ноември минатата година, пренесуваат агнциите.
Нејзиното поранешно момче се изјасни за виновен за нејзиното убиство.
Убиството предизвика протести низ целата земја и доведе до повици да се направи почитта кон девојчињата како дел од училишната програма, почнувајќи од ниво на градинка.
Италијанските парламентарци, пак, едногласно поддржаа серија мерки за спречување на насилството врз жените, откако убиството на 22-годишната девојка повторно отвори национална дебата за ова прашање.
Според италијанското Министерство за внатрешни работи, повеќе од 100 жени биле убиени во 2023 година, од кои приближно половина биле убиени од партнер или поранешен партнер.



