Словенецот Анже Ланишек денеска победи на натпреварот во скијачки скокови во Гармиш-Партенкирхен, втората станица од традиционалната новогодишна турнеја „Четири скокалници“.
Ланишек оствари победа со скокови од 136 и 137 метри и со вкупно 295,8 поени ги остави зад себе Јапонецот Риоу Кобајаши (137 и 137,5 метри – 292,6) и победникот од Оберстдорф, Германецот Андреас Велингер (138 и 137,5 метри – 4).
Во генералниот пласман води Велингер со 600,7 бодови, а зад него е Кобајаши (598,9), а трет е Австриецот Стефан Крафт, кој денеска беше шести со 575,5 бодови.
Третата станица на ова престижно натпреварување е Инсбрук на 3 јануари, а новогодишната турнеја завршува на 6 јануари во Бишофсхофен.



