После денот на јака, мрсна, зачинета храна, коктели, матине, претпразнични забави… сигурно, Новата година е можност секој да повлече линија и да промени некои навики во исхраната и да направи детоксикација.
Важноста на детоксикацијата
Освен по празниците, повремено е неопходна детоксикација за да се одржи здравјето на оптимално ниво. Инаку, таложењето на токсините во организмот предизвикува низа здравствени проблеми.
Симптоми кои укажуваат дека ни треба детоксикација
-хроничен замор
-лош здив
-забавување на метаболизмот
-запек
-чести настинки и инфекции
Најважните начини на детоксикација во организмот се одвиваат преку црниот дроб, но секако ни се важни снабдувањето со крв на ткивото, здравиот жолчен меур и бубрезите.
Детоксикација
Сè што внесуваме преку храна, вдишување или преку кожата поминува низ црниот дроб.
„Масната, печена, пржена храна, алкохол, газирани пијалоци, лекови, издувни гасови, го оштетуваат црниот дроб со своето токсично дејство и ја нарушуваат неговата функционалност, влијаејќи на целокупното здравје. Здравиот начин на живот е од големо значење за целосна функционалност на црниот дроб, кој најпрво подразбира здрава и правилна исхрана, престој на свеж воздух, употреба на природни козметички и медицински производи. Редовното чистење или детоксикација на црниот дроб е многу важно за зачувување на здравјето“, велат експертите.
Промената на исхраната исто така спречува главоболки, замор и поспаност, го елиминира лошиот здив и мирисот на телото, ги ублажува алергиите и го подобрува квалитетот на кожата.
Како да се детоксицира
Она што подразбира детоксикација е одреден временски интервал, чие времетраење зависи од општата состојба на организмот и може да трае еден, три, седум до дури четириесет дена или подолго, е целосно отсуство на храна од животинско потекло, шеќер, тесто, алкохол, индустриски сокови и кафе и замена со исхрана со многу зеленчук, овошје и пијалоци за детоксикација со додавање на никулци, јаткасти плодови, мешунки и голем внес на течности, по можност вода.
Еднодневна програма за детоксикација
Започнете го денот со сок од пченица или зелен чај со лимон.
Доручек
Измешајте – сечкано јаболко со сурови бадеми, брусница, ленено семе и цимет
Ужина
Чај од глуварче
Ручек
Супа од зеленчук
Брокула на пареа, прелиена со маслиново масло
Киноа со тост сусам
Ужина
-Исцеден сок – морков, цвекло, јаболко или свеж ананас или салата од рендан целер, цвекло, јаболко со сок од лимон
-Зелено смути
1 замрзната банана
1 шолја свеж спанаќ
1 зелено јаболко
½ шолја бадемово млеко или 10 бадеми ½ шолја чиа семе
Вечера
Варена леќа со ароматични зачини
Салата од црвена зелка, рендан морков и магдонос



