Холандската полиција денеска соопшти дека повеќе од 200 лица се приведени ширум земјата за време на новогодишните немири во кои беа повредени неколку десетици полицајци.
Полицијата ги осуди „сериозните инциденти и неприфатливото насилство“, додавајќи дека во неколку градови полицајци биле нападнати со пиротехнички средства и камења.
Полицијата во Ротердам соопшти дека во тој град биле запалени повеќе од сто возила, додека единиците за контрола на немири ги растерале насилните демонстранти во Амстердам, Хаг и други градови.



