Девет лица, вклучително и службеник на Њујоршката полиција, беа повредени во инцидент кога рано утринава возач удрил во пешаци во центарот на Менхетен, недалеку од прославата на новогодишната ноќ на Тајмс Сквер.
Инцидентот се случил околу 1:30 часот по локално време на само 10 блокови од Тајмс Сквер каде околу милион луѓе ја прославувале Новата година, соопшти њујоршката полиција, пренесува ЊујоркПост.
Кога полицајците се обиделе да го запрат возилото со кое управувал 44-годишен маж, тој со својот автомобил побегнал од местото, удирајќи во неколку полициски автомобили, еден полицаец и шест пешаци и на крај се забил во камион со храна, при што повредил уште една 39-годишна жена, соопшти полицијата и додаде дека во овој инцидент е повреден и возачот.
Сите повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба.



