Денеска се навршуваат 12 години од смртта на првиот претседател на самостојна и независна Македонија, Киро Глигоров, македонски великан чиешто лидерство беше насочено кон меѓусебна толеранција и почит, користејќи дијалог како средство за етаблирање на демократски вредности во нашето општество, но и како клуч за меѓународно признавање на македонската државност, објави на Фејсбук Митко Бојмацалиев.
,,Неговите храбри и државнички одлуки го трасираа патот и за нашето дејствување, а неговата визија е и наша инспирација – да продолжиме да ја градиме европска Македонија, дел од НАТО, со европска иднина дома.Слава му!” се наведува во објавата.



