Кина е на добар пат за прв пат да станe најголем извозник на автомобили во светот, благодарение на големиот извоз на возила во Русија и Мексико, но и зголемувањето на употребата на електрични возила (ЕВ).
Кина произведе 4,41 милиони автомобили од јануари до ноември 2023 година, што е за 58 отсто повеќе од истиот период во 2022 година, покажаа прелиминарните податоци од Кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM).
Ова ја става Кина пред неодамнешниот извозен лидер во Јапонија, која и покрај порастот од 15 отсто, извезла 3,99 милиони возила во првите 11 месеци од минатата година, пренесува Mina Business.
Се очекува да се заклучи дека во декември Јапонија извезла 4,3 милиони возила.
Пред тоа, Јапонија падна од првото место во 2016 година, кога Германија беше лидер во извозот на автомобили.
За ваквиот резултат на Кина придонесе и најголемата продажба на кинески возила во Русија и Мексико, но и во Европа. Во периодот од јануари до октомври, Кина извезла 730 илјади автомобили во Русија, што е седум пати повеќе отколку во истиот период во 2022 година.
По Русија, најмногу кинески возила купиле Мексиканците, каде се продадени 330.000 автомобили, што е скок од 71 отсто во однос на 2022 година.



