Неколку помали цунами заплиснаа делови од јужнокорејскиот брег на Источното Море по големиот земјотрес што денеска го погоди западниот брег на Јапонија.
Корејската метеоролошка управа КМА објави дека земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Ишикава и околните јапонски префектури предизвика мало цунами кај источниот брег на Јужна Кореја, во провинцијата Гангвон, пренесува Јонхап.
Цунами бран висок 67 сантиметри го погоди градот Муха во округот Донгхау, а цунами е регистрирано и во градот Гангнеунг.
КМА издаде соопштение во кое се вели дека брановите од 20 до 30 сантиметри може да предизвикаат штета, истовремено предупредувајќи дека висината на брановите цунами може да се зголеми на опасни нивоа во зависност од плимата и осеката.



