Немири во Холандија за време на новогодишната ноќ, приведени над 200 луѓе

Холандската полиција денеска соопшти дека повеќе од 200 лица се приведени ширум земјата за време на новогодишните немири во кои беа повредени неколку десетици полицајци.

Полицијата ги осуди „сериозните инциденти и неприфатливото насилство“, додавајќи дека во неколку градови полицајци биле нападнати со пиротехнички средства и камења.

Полицијата во Ротердам соопшти дека во тој град биле запалени повеќе од сто возила, додека единиците за контрола на немири ги растерале насилните демонстранти во Амстердам, Хаг и други градови.

Треба да знаете
Последни објави