Патниците и членовите на екипажот на јапонскиот авион „Џапан ерлајнс“ кој се запали при слетувањето биле евакуирани за само 90 секунди пред пламенот да го зафати целиот авион, соопштила противпожарната служба, а пренесува Н1, повикувајќи се на странските медиуми.
Благодарение на брзата реакција избегната е поголема трагедија на аеродромот во Токио. На видеото се гледа дека патниците и членовите на екипажот користеле воздушни лизгалки за евакуација од авионот, кои се користат во итни случаи.
Во Ербас А350-900 имало речиси 400 патници и членови на екипажот.
Snimak evakucije leta #JL516 pic.twitter.com/skZ3Z9A5is
— Peđa Vučetić (@Pedjijatar) January 2, 2024