Веќе нема сомнеж, составот на Бијели Дугме годинава ќе има полни раце работа.
Познатата група настапи во Херцег Нови како главна музичка ѕвезда на новогодишната ноќ. Горан Бреговиќ и Ален Исламовиќ во придружба на други музичари од бендот ја потсетија публиката на безвременските хитови.
И тогаш Ален беше тој кој ја лансираше големата вест. На неговиот официјален Фејсбук профил се појави информација која ќе ги израдува фановите на Дугмет.
-Луѓе, среќна Нова. Како Дугме во Херцег Нови, ја објавивме 50-годишнината на групата и тоа ќе биде големо изненадување за нашите фанови. Одиме со рок верзија и ограничен број концерти. Се гледаме – напиша Ален под неколку фотографии.
Останува да видиме дали има шанси да се собере ударната четворка на Дугмет по повод златниот јубилеј – со Младен Војичиќ Тиф и Жељко Бебек.