Доколку барате убави, необични и уникатни имиња за вашето бебе, вие сте на вистинското место. Секое име е посебно на свој начин, а своето вистинско значење го добива дури кога ќе го запознаете тој нов живот што сте го донеле на светот.
Дојде нова година, а со неа и некои нови почетоци. Некои мајки и татковци избираат традиционални имиња, додека други претпочитаат западни, модерни странски имиња кои веќе се вкорениле и на нашето поднебје. Без разлика на преференциите, секое име има скриено значење што му одговара на вашето бебе.
Инспирирани од новите почетоци и сето убаво што не очекува во новата година, ви донесуваме 10 имиња за девојчиња и 10 за момчиња кои значат нов почеток. Прочитајте ги подолу.
Имиња за девојчиња:
Зора – името значи почеток на денот или зори. Во старословенската митологија Зора била божица на утрото и зората.
Аурора – Аурора е божица на зората, а на латински значи „црвенило на небото во зори“.
Зара – значењето на името лежи во арапското име за зори.
Камелија – Прекрасниот цвет на камелија е јапонскиот симбол на првиот месец од годината.
Анастасија – потекнува од грчкиот збор анастасис, што значи „воскресение“.
Алба – на италијански и шпански алба значи „зора“ и „изгрејсонце“.
Арата – значи „свеж“ и „нов“ на јапонски.
Лола – на грчки „обоена зора“.
Орија – од лат. ориана, што значи „зора“.
Гранат – црвен скапоцен камен, симбол на родените во јануари.
Имиња за момчиња:
Нео – латински збор за „ново“.
Рене – француски значи „прероден“.
Ирвин – значи „нов“ и „свеж“ на шкотско галски.
Јулијан – „младост“ на шпански.
Мика – на јапонски „нова месечина“, преведена како „нова светлина, нов почеток“.
Адин – доаѓа од хинду традицијата и значи „почеток“ (аиди).
Kаи(х) – „нов почеток“ на индиски.
Амил – арапско име за надеж и нов почеток.
Зоран – локално име што значи „почеток на светлината“.
Тан – виетнамски за „нов почеток“.