Велковски ќе го спасува Динамо Букурешт од испаѓање

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски по неколку месеци без клупски ангажман, откако замина од Ал Етифак од Саудиска Арабија на почетокот од годинава го реши својот статус. Македонскиот интернационалец потрагата по нов клуб ја заврши со догворо со романскиот Динамо Букурешт.

Романскиот прволигаш вечерва го потврди постигнатиот догвор со Велковски. Македонскиот дефанзивец ќе отпатува на подготовки за Анталија каде ќе се стави на располагање на тренерот Жељко Копиќ и се очекува да биде значаен адут во битката за опстанок. Динамо Букурешт се наоѓа на претпоследното место на табелата со 16 бода, седум помалку во однос на Поли Јаши, тим што се наоѓа едно место погоре од Динамо.

Треба да знаете
Последни објави