Министерството за внатрешни работи секојдневно информира за бројот на казнети возачи и за најчестите сообраќајни прекршоци што тие ги направиле.
На прво место на најчестите прекршоци е возењето со брзина поголема од ограничената. Втор најчест сообраќаен прекршок од нашите возачи е управувањето на возило без возачка дозвола, додека на третото место е управување на возило под дејство на алкохол.
Ова е наведено во видеото што денеска го објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски а кое се однесува на резултатите на полицијата за 2023 година.
Во изминатата година регистрирани се дури 217.500 сообраќајни прекршоци, полицијата зачести со контроли како низ градовите, така и на патиштата, а наскоро полицијата сообраќајни прекршоци ќе „лови“ и со две најмодерни возила – пресретнувачи.