Здружението на инженери ќе покрене иницијатива да се донесе закон со којшто ќе почне да се гради Чебрен со македонски сили, најави вечерва Константин Димитров, кој е дел од ова Здружение. Димитров изјави дека имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен и дека ова е проект којшто треба да го обедини општеството.
– Да се донесе закон за изградба на Чебрен, Галиште, Скочивир т.е. да се реши интегрално програмата со сливовите на реките каде Црна река е дел од Вардарска долина. Да се направи закон којшто не може да се менува без разлика која влада и да дојде. Однапред да се дефинираат средства коишто не се големи, рече Димитров при гостувањето на „Сител“.
Рекацијата доаѓа по пропаднатиот 14. тендер за изградба на Чебрен. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска потврди дека грчката ПЦЦ Архиродон не го потпишала договорот за изградба на Чебрен.