Холивудската дива Мерил Стрип по којзнае кој пат влезе во историјата соборувајќи уште еден рекорд, и тоа што таа самата го држеше, по бројот на номинации за Златен глобус.
Познатата актерка ја доби 33-та по ред, за споредна улога во серијата „Само убиства во зграда“.
Досега, во кариерата што трае половина век, таа има освоено неверојатни девет Златни глобуси за остварувањата „Челична дама“, „Жената на францускиот поручник“, „Ангели во Америка“, „Адаптација“, „Џули и Џули“ , „Ѓаволот носи Прада“, „Изборот на Софија“ и „Крамер против Крамер“.
Таа доби и специјална награда Сесил Б.Демил за нејзиниот придонес во филмската уметност, која се доделува и на оваа свеченост.
Овојпат, во категоријата мјузикл, комедија и драма, нејзини конкуренти се Елизабет Дебицки (Круната), Кристина Ричи (Жолти јакни), Хана Вадингам (Тед Ласо), Аби Елиот (Мечка) и Џеј Смит-Камерон (Следство).
Сепак, Мерил не е на првото место по бројот на освоени глобуси. Барбра Стрејсенд се уште е на врвот со десет награди, но не само за актерска игра, туку и за режија и најдобра песна. Зад неа е Стрип, потоа Џејн Фонда со осум, Џек Николсон со седум, а потоа Џули Ендрјус, Никол Кидман, Дастин Хофман…