Скопјанка завршила во болница со тешки телесни повреди откако автомобил излетал од патот

Скопјанка на 58-годишна возраст се здобила со тешки телесни повреди откако автомобилот во кој била сопатничка излетал од коловозот на патниот правец Охрид – Кичево.

-На 02.01.2024 во 09.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Врбјани, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(59) од Скопје излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се сопатничката од возилото В.А.(58) од Скопје, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави