Хезболах му се закани на Израел: Убиството на функционери на Хамас во Бејрут нема да помине неказнето

Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека убиството на високи функционери на Хамас во Бејрут претставува „сериозен напад врз Либан“ и „опасен развој“ во војната со Израел.

– Ова злосторство нема да остане неодговорено и казнето. Верни сме на нашите принципи и обврски кои самите си ги дадовме. Ова е ден што ќе го паметиме, објави Хезболах на Телеграм.

Тие додаваат дека убиството на Салех ал-Арури, еден од највисоките функционери на Хамас, и неговите колеги „во срцето на предградијата на Бејрут е сериозен напад врз Либан, неговиот народ и суверенитет“.

Палестинската милитантна група Хамас претходно потврди дека во, како што рече, израелски напад врз предградијата на Бејрут, загинале Ел Аури и двајца водачи на нејзината елитна бригада Ал Касам.

Во нападот во кој се погодени простории на Хамас загинаа вкупно шест лица. Израелската армија се уште не го коментираше инцидентот.

Ел Аури беше заменик лидер на Хамас во странство и де факто лидер на военото крило на Хамас на Западниот Брег, јавуваат израелските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави