Новак Ѓоковиќ, првиот светски тениски рекет претрпе прв пораз по шест години во Австралија, од домашниот играч Алекс Де Минор (6:4, 6:4) во Јунајтед купот кој се одржува во Перт. Србија доживеа елиминација во четвртфиналето од Австралија, но многу позагрижувачка за навивачите на првиот светски рекет е повредата на мускул на раката. Ноле се обиде да ги смири своите навивачи во пресрет на првиот сезонски гренд-слем турнир Австалија Опен во Мелбурн (14-28 јануари) на кој ќе ја брани титулата освоена минатата година.
– Имав непријатност во мускулот под лактот изминативе два дена, но денеска значително се влоши додека играв. Да бидам искрен, мислам дека се ќе биде во ред до Аустралија Опен. Има десетина дена и мислам дека се ќе биде во ред, – изјави Ѓоковиќ и додаде.
– Оваа болка имаше големо влијание врз мојата игра, особено на сервис и на форхенд, но не би зборувал премногу за тоа. Не сакам да му одземам ништо на Ди Минор, беше многу цврст како и обично. Честитки за него и Австралијците, моите мисли веќе се во Мелбурн – изјави Ѓоковиќ.