(Видео) Пијани Срби натепале доктор и медицинска сестра на клиника во Берлин !

На клиниката Сана во Берлин за време на новогодишната ноќ се случил инцидент. Пијани Срби натапале доктор и медицинска сестра ! На снимката од надзорните камери се гледа како 25 годишен Србин и неговите двајца браќа удираат медицинска сестра (32 г.) и го тепаат докторот (42), пренесоа германските медиуми. Нападот се случил на новогодишната ноќ, по што докторот и сестрата заминале на боледување. Лекарот се здобил со повреди на лицето и модрица на окото. Според она кое го пренесуваат медиумите од регионот, напаѓачите биле во алкохолизирана состојба и извикувале заканувачки и погрдни зборови кон медицинскиот тим во центарот за итна помош, заканувајќи им се дека ќе ги заколат и дека ќе им ги убијат семејствата. Двајца браќа не биле задоволни од постапувањето на лекарскиот тим кога тој интервенирал на 25 годишен пациент, кој имал рана на раката. Според информациите на полицијата, 25 годишното момче имало отворена рана која крварела, и со возило на итната помош било донесено во болницата 45 минути после полноќ. На снимката се гледа дека мажите го малтретираат болничкиот персонал и доаѓа до расправија. Одненадеж мажите почнуваат да го удираат докторот и медицинската сестра. Таа завршува во еден од ѕидовите па на подот. Потоа е нападнат лекарот кој добил полесни повреди на главата. Напаѓачите им се заканувале и на другите вработени кои се обидувале да ја смират ситуацијата до доаѓањето на полицијата. Тројцата пијани мажи биле привремено уапсени. Во текот на истрагата кај нив била пронајдена и дрога.

Треба да знаете
Последни објави